18
PEUGEOT PARTNER Réalisation et impression : ALTAVIA Paris – Automobiles Peugeot 552 144 503 R.C.S. Nanterre – Printed in MK – Réf : XXXXXX – May 2019 Печат на импортерот/дилерот www.peugeot.mk

PEUGEOT PARTNER · седиште може да добиете и маса за пишување. Можете ... со долгата верзија која има оптимална

  • Upload
    others

  • View
    20

  • Download
    0

Embed Size (px)

Citation preview

Page 1: PEUGEOT PARTNER · седиште може да добиете и маса за пишување. Можете ... со долгата верзија која има оптимална

P E U G E OT PA R T N E R

Réalisation et impression : ALTAVIA Paris – Automobiles Peugeot 552 144 503 R.C.S. Nanterre – Printed in MK – Réf : XXXXXX – May 2019

Печат на импортерот/дилерот

www.peugeot.mk

Page 2: PEUGEOT PARTNER · седиште може да добиете и маса за пишување. Можете ... со долгата верзија која има оптимална

2 3

(1) Награда “International Van of the year” постои од 1992 година. Жирито e состaвено од 25 новинари од Европа и издавачи од независни списанија, специјализирани за лесни комерцијални возила (LCV)

(2) Достапно во втората половина на 2019 година

Н О В И ОТ P E U G E OT PA RT N E R Е П Р О ГЛ АС Е Н З А " I N T E R N AT I O N A L VA N O F T H E Y E A R " ( 1 ) З А 2 0 1 9 . Ш ТОТ У К У С ОЗ Д А Д Е Н . В Е Ќ Е Е П О Б Е Д Н И К .

Новиот PEUGEOT Partner се истакнува со својата ексклузивна употреба на PEUGEOT i-Cockpit®,

како стандардна опрема за прв пат во светски рамки во овој сегмент на возила, нудејќи целосно

ново доживување во возењето. Вниманието го привлекуваат и двете целосно нови иновации на

инструмент таблата: “Оverload Indicator” (2) за безбеднo товарање и “Surround Rear Vision”

за прикажување на слепите точки на камерата.

Новиот Peugeot Partner доаѓа во повеќе верзии. Секоја подеднакво корисна за вашиот бизнис.

Mоже да изберете помеѓу верзијата Grip, која ја исполнува потребата за издржливост на сите услови

на патот или верзијата Asphalt за возачите кои поминуваат многу часови зад управувачот.

Новиот PEUGEOT Partner има јасна амбиција да го совлада и невозможното.

Page 3: PEUGEOT PARTNER · седиште може да добиете и маса за пишување. Можете ... со долгата верзија која има оптимална

4 5

PEUGEOT секогаш ја почитувал високо квалитетната и инова-

тивна француска производна традиција. Сега повеќе од кога и

да е, PEUGEOT ја вложува целата своја енергија во дизајнирање

на возила со остар изглед кои даваат сензитивно искуство при

возењето со засилување на сите сетила. Ние внимателно рабо-

тевме на секој детаљ од егрономија, употреба на високо квали-

тетни материјали до поврзаноста за да ви обезбедиме

поинтуитивно возење.

06 Grip и Asphalt

10 PEUGEOT i-Cockpit®

10 Товарање

22 Поврзаност

25 Безбедност

34 Мотори

36 Димензии

38 Персонализација

Page 4: PEUGEOT PARTNER · седиште може да добиете и маса за пишување. Можете ... со долгата верзија која има оптимална

6 7

В ОЗ Е Т Е Н А Б И Л О К А КО В Т Е Р Е Н .

Новата верзија PEUGEOT Partner Grip е возило создадено и за потежок терен, за носење долг и

тежок товар и за удобно да се сместат до 3 патници. Покрај моќноста, оваа верзија исто

така се истакнува со зголемениот клиренс, 16-инчни тркала со пневматици за кал и снег,

заштитната плоча под моторот и Grip Control®(1) со функцијата Hill Descent Control.

ЗА О Н И Е КО И Ш ТО СА К А АТ Д ОЛ Г И Д Е С Т И Н А Ц И И .

Новата верзија PEUGEOT Partner Asphalt е создадена за возачите кои поминуваат долги часови зад

управувачот и за кои на прво место се удобноста и благосостојбата. Surround Rear Vision како стандард опрема

во Asphalt верзијата, е иновативна функција која ги намалува слепите точки кои се вообичаени за лесните

комерцијални возила, особено кај оние со задни врати без стакло.

(1) Новата функција Grip Control® комбинирана со Hill Descent Control нуди оптимална контрола на возилото и на стрмни предели.

Page 5: PEUGEOT PARTNER · седиште може да добиете и маса за пишување. Можете ... со долгата верзија која има оптимална

PEUGEOT i - COCKPIT®.

Page 6: PEUGEOT PARTNER · седиште може да добиете и маса за пишување. Можете ... со долгата верзија која има оптимална

10 1 1

P E U G E OT i - C O C K P I T ® ЗА П Р В П АТ В О ТО В А Р Н О В ОЗ И Л О .

Повеќе од само нова функција, PEUGEOT i-Cockpit®

нуди интуитивно возење со оптимален ергономски дизајн.

ЗА Д РЖ Е Т Е ГО В Н И М А Н И Е ТО Н А П АТОТ

PEUGEOT i-COCKPIT® кој е поставен околу компактниот управувач за полесно ракување и подигнатата инструмент

табла ги поставуваaт клучните информации во висина на погледот на возачот и со тоа му се овозможува да го задржи

погледот на патот. Professional и Asphalt верзиите исто така имаат 8" екран на допир во центарот на контролната

табла насочен кон возачот, обезбедувајќи директен пристап до клучните функции.

Page 7: PEUGEOT PARTNER · седиште може да добиете и маса за пишување. Можете ... со долгата верзија која има оптимална

Н О В Н АЧ И Н Н А РА Б ОТА .

Новиот Peugeot Partner е вашата подвижна канцеларија и ви овозможува

нов начин на работа, истовремено уживајќи во удобноста која ја нуди

ова лесно комерцијално возило. Функцијата Multi-Flex овозможува

простор за 3 патници, но со преклопување на централното

седиште може да добиете и маса за пишување. Можете

да носите сè што ви е потребно, користејќи ги местата

за одлагање на предмети во патничкиот простор.

1 2

Page 8: PEUGEOT PARTNER · седиште може да добиете и маса за пишување. Можете ... со долгата верзија која има оптимална

О Р ГА Н И З И РА Ј Т Е ГО ТО В А Р ОТ: О Н А К А К А КО Ш ТО ВА М В И ОД ГО В А РА .

Новиот PEUGEOT Partner нуди голем капацитет на носивост и обем на

оптоварување, со простор за две еуро палети. Кај стандардните верзии

оптималната корисна должина изнесува 1.81m, волуменот изнесува 3.30m3,

а се зголемува на 3.09m и 3.90m³ кај верзии опремени со функцијата Multi-Flex.

Товарниот капацитет може да биде зголемен уште повеќе со долгата верзија

која има оптимална корисна должина должина од 2.16m и волумен од 3.80m3,

а се зголемува на 3.44m и 4.40m3 кај верзии опремени со Multi-Flex.

Изберете “Loading Pack” за подобро LED осветлување на товарниот простор,

приклучок за напојување од 220V и дополнителни прстени за

обезбедување на товарот.

14

Page 9: PEUGEOT PARTNER · седиште може да добиете и маса за пишување. Можете ... со долгата верзија која има оптимална

16 17(1) Достапно од 2019.

М ОЖ Е Д А С Е П О ФА Л И С О С В ОЈ АТА ФЛ Е КС И Б И Л Н О С Т

Новиот PEUGEOT Partner Crew Van (1) се базира на долгата верзија на новиот PEUGEOT Partner и во него можат да се сместат

до 5 патника. Задните индивидуални седишта 1/3 до 2/3 се превземени од новиот PEUGEOT Rifter за да овозможи удобност и

простор за нозете. Тие можат и да се преклопат за да се обезбеди повеќе простор за товарење, а доколку го преклопите

и совозачкото седиште ќе може да се товарат и долги предмети до 3,44 метри, со волумен од 1,8m3 до 4m3,

во зависност од конфигурацијата и тоа го прави ова возило единствено во неговата категорија и без конкуренција.

Кога возилото се движи, мора да се користи заштитниот капак за товар за да се спречи ризикот од движење на предметите внесени по должината на товарниот простор, кон возачот.

Page 10: PEUGEOT PARTNER · седиште може да добиете и маса за пишување. Можете ... со долгата верзија која има оптимална

Б Е С П Р Е КО Р Н А П О В Р ЗА Н О С Т.

Голем 8" екран на допир во боја (1) е позициониран така да е на дофат и е

насочен кон возачот. Тој нуди втор USB приклучок и Bluetooth® handsfree.

Системот исто така вклучува MirrorScreen®, компатибилен (2) со MirrorLink®,

Apple Carplay ™ и Android Auto ™. PEUGEOT Connect: поврзана 3D навигација (1)

која препознава глас, вклучува информации за сообраќајот во реално време

(TomTom Traffic), како и прикажување на информации за паркиралишта,

бензински пумпи и локално време. Новиот Partner исто така нуди безжично

полнење на паметенот телефон (1). PEUGEOT Connect SOS (1) и Assistance го

вклучува алармот во случај на несреќа, обезбедувајќи локација на возилото и

контактирање на службите за итна помош. PEUGEOT Assistance (1) му

овозможува на корисникот контакт со претставник на PEUGEOT Assistance кој

во зависност од испратените информации (геолокација, број на шасија на

возилото, километражата и механичките предупредувања означени со

вградениот компјутер) ќе испрати соодветно возило за поправка.

1 8

1) Достапно во зависност од избраното ниво и опциите за трошоци. (2) Само сертифицираните апликации за Android Auto ™, Apple CarPlay ™ или MirrorLink® ќе функционираат кога возилото е во мирување или за време на возењето, во зависност од случајот. Кога возите, некои опции на апликацијата ќе бидат оневозможени. Некои видови содржини кои може да бидат бесплатни на вашиот паметен телефон бараат претплата на еквивалентна сертифицирана апликација Android Auto ™, Apple CarPlay ™ или MirrorLink®. Функцијата MirrorScreen може да функционира преку Android Auto ™ (за Аndroid паметни телефони), Apple CarPlay ™ (за iOS паметни телефони) или Mirror-Link® технологија (за Android паметни телефони компатибилни со MirrorLink®), под услов да имате мобилен и интернет до-говор. Повеќе информации на peugeot .co.uk/peugeot-mirror-screen/.

Page 11: PEUGEOT PARTNER · седиште може да добиете и маса за пишување. Можете ... со долгата верзија која има оптимална

С О S U R R O U N D R E A R V I S I O N ( 1 )

И М А Ј Т Е П О ГОЛ Е М А П Р Е ГЛ Е Д Н О С Т.

Нема потреба да избирате помеѓу задни врати без стакло и зголемена

видливост за возачот! Овој иновативен систем е важен помошник при

возење, обезбедувајќи поголема прегледност. Возачите добиваат оптимална надво-

решна прегледност при тешки видливи ситуации, олеснувајќи го возењето и маневри-

рањето. Новиот PEUGEOT Partner е опремен со 2 камери:

еднaта е поставенa кај ретровизорот од совозачката врата, а другата е на

врвот на задните врати без стакло. Тие нудат три типа на прегледност:

- Преглед од страна на сoвозачот за намалување на слепите точки;

- Задна прегледност, покажувајќи ја средната одалеченост од

задниот дел на возилото;

- Слика од камерата за возење наназад, прикажувајќи ја

непосредната оддалеченост од возилото.

Сликите се прикажуваат на 5” екран поставен на местото на внатрешниот

ретровизор, обезбедувајќи периферен поглед околу возилото за

подобрена свесност и безбедност на возачот.

(1) Стандардно во Asphalt верзијата и како опција во останатиот дел на возила од гамата 2 1

Page 12: PEUGEOT PARTNER · седиште може да добиете и маса за пишување. Можете ... со долгата верзија која има оптимална

22 23(1) Опрема достапна како опција во зависност од верзијата

П РА К Т И Ч Н И П Е Р Ф О Р М А Н С И .

Широкиот асортиман на помагала за возачот ги прави патувањата побезбедни и полесни:

со Keyless Entry and Start (1), поедноставено стартување и паркирање со автоматската

електронска паркирна сопирачка (1), плус Grip Control® со функцијата Hill Descent Control (1) за лош терен.

Мултифункционалната камера лоцирана на ветробранското стакло дaва информации за следните системи:

Адаптивниот темпомат (со Stop функција на EAT8) (1), Active Safety Brake(1), Системот за предупредување

за ненамерно преминување преку коловозна лента (1), Системот за препознавање на сообраќајните

знаци и препораки (1), како и Smart Beam предни светла. (1)

(1) Опрема достапна како опција во зависност од верзијата

Page 13: PEUGEOT PARTNER · седиште може да добиете и маса за пишување. Можете ... со долгата верзија која има оптимална

24 25

С ОЗ Д А Д Е Н З А А К Ц И Ј А .

Новиот PEUGEOT Partner е креиран на платформата EMP2 која е искористена

и кај најновите модели на автомобили. Оваа веќе докажана платформа со

пократок преден дел овозможува помал радиус на вртење (радиусот на вртење кај

стандард верзијата е 10.82m и 11.43m кај долгата верзија).

ОД Л И Ч Н О У П РА ВУ ВА Њ Е .

Дозволената оптовареност е една од најдобрите во сегментот кај ова возило

и се движи од 650kg до 1.000kg во зависност од верзијата.

Page 14: PEUGEOT PARTNER · седиште може да добиете и маса за пишување. Можете ... со долгата верзија која има оптимална

26 27

П Р И Ј АТ Е Н ЗА В ОЗ Е Њ Е .ГА М А ОД Е Ф И К АС Н И М ОТО Р И З А

П О М А Л А П ОТ Р О Ш У В АЧ К А .

Промената што е направена врз дизајнот на шасијата и оптимизацијата на тежината на возилото се решавачки фактори за

подобрување на потрошувачката на гориво и намалување на емисиите на CO2. Накратко, 1.2 PureTech моторот е достапен во

две верзии: PureTech 130 S&S со EAT8 8-степен автоматски менувач и PureTech 110 S&S со 6-степен мануелен менувач

(достапен во текот на 2019 година). Тие ги исполнуваат најновите стандарди за Еuro 6.3. PureTech моторите имаат

филтер за намалување на честичките кои ги испушта бензинот.

BlueHDi 75КС 5-степен мануелен менувач

Потрошувачка во град (L/100 km) 4,9 Емисии на CO2 (g/km) 114

Потрошувачка на отворен пат (L/100 km) 4,1 Емисии на CO2 (g/km) 114

Комбинирана потрошувачка (L/100 km) 4,4 Емисии на CO2 (g/km) 114

BlueHDi 100КС 5-степен мануелен менувач

Потрошувачка во град (L/100 km) 4,9 / 4,6 Емисии на CO2 (g/km) 119 до 109

Потрошувачка на отворен пат (L/100 km) 4,3 / 4,0 Емисии на CO2 (g/km) 119 до 109

Комбинирана потрошувачка (L/100 km) 4.6 / 4.2 Емисии на CO2 (g/km) 119 до 109

Вредностите означени за потрошувачката на гориво и CO2 емисиите се во согласност со циклусот за хомологација на NEDC (R (EC) бр. 715/2007 и R (EC) Бр. 692/2008 во соодветните верзии), овозможувајќи споредба со други возила.

Достапни се три типа на дизел мотори: BlueHDi 130 S&S со 6-степен мануелен менувач или EAT8* 8-степен автоматски менувач,

BlueHDi 100 S&S со 5- степен мануелен менувач и BlueHDi 75КС со 5-степен мануелен менувач. Сите наши дизел мотори

се опремени со филтер за честички (DPF) и селективен систем за каталитичка редукција (SCR).

Штом ќе се вклучи контактот, оваа технологија ги намалува емисиите што загадуваат.

*EAT8: нов Ефикасн автоматски менувач со 8 степени - достапна само со BlueHDi 130 S&S EAT8 мотор: Потрошувачка во град (L / 100 km): 4.5 – Потрошувачка на отворен пат (L / 100 km): 4.2 / 4.1 - комбинирана потрошувачка (L / 100 km): 4.3 - емисија на CO2 (g / km): 113 Blue HDi 130 S & S 6-степен мануелен менувач: По-

трошувачка во град (L / 100 km): 4.9 - Потрошувачка на отворен пат (L / 100 km): 4.1 - Комбинирана потрошувачка (L / 100 km): 4,4 – Емисија на СО2 (g/km): 116

Page 15: PEUGEOT PARTNER · седиште може да добиете и маса за пишување. Можете ... со долгата верзија која има оптимална

ОД Б Е Р Е Т Е Ј А В И С Т И Н С К АТА ГОЛ Е М И Н А ЗА ВА Ш И ОТ Б И З Н И С

За да ги задоволи потребите на деловните корисници и да

понуди максимална функционалност, новиот PEUGEOT Partner

нуди голем капацитет на носивост и обем на оптоварување,

со простор за двe еуро палети. Кај стандардните верзии

оптималната корисна должина изнесува 1.81m, волуменот

изнесува 3.30m3, а се зголемува на 3.09m и 3.90m3 кај

верзиите опремени со опцијата Multi-Flex.

Товарниот капацитет може да биде зголемен уште повеќе

со долгата верзија која има оптимална корисна должина

од 2.16m и волумен од 3.80m3, а се зголемува на 3.44m и 4.40m3

кај верзиите опремени со Multi-Flex. Носивоста се движи

од 650kg до 1000kg во зависност од верзијата.

2928

(1) Стандардна верзија (2) Долга верзија (3) Без пакет за поголема носивост (4) Со пакет за поголема носивост (5) Без / со 1 / со 2 лизгачки странични товарни врати

СТАНДАРД верзија

Со Multi-Flex клупа Multi-Flex кабина

Ред 2 на место

Ред 2 преклопениРедот 2 / преклопено совозачко седиште и

полуотворена врата од багажникотДОЛГА верзија

675 min / 759 max без преграда 641 min / 675 max со преграда

Page 16: PEUGEOT PARTNER · седиште може да добиете и маса за пишување. Можете ... со долгата верзија која има оптимална

30 3 1

П О С В Е Т Е Н О В Н И М А Н И Е Н А Д Е ТА Л И Т Е .

Можете да изберете од палетата од 6 бои и во

опција 16 "Тaranaki" алуминиумски наплатки * за да

му го дадете целосниот изглед на вашиот PEUGEOT Partner.

15” челини наплатки 15” MILFORD раткапна 16” челични наплатки 16 инчен RAKIURA раткапни 16 инчен TARANAKI алуминиумски наплатки

Бела BonquiseМатеријал на седишта: Curitiba Сива Сива Artense

Silky Сива Бакарна CupriteDeep Сина

Сива Platinium Црна Onyx

Ardent Црвена

* Како стандар, опција или недостапно во зависност од верзијата

Page 17: PEUGEOT PARTNER · седиште може да добиете и маса за пишување. Можете ... со долгата верзија која има оптимална

КО ГА С Е РА Б ОТ И ЗА Д ОД АТО Ц И Т Е , И З Б Е Р Е Т Е ОД П А Л Е ТАТА Н А P E U G E OT.

32

Новиот PEUGEOT Partner ќе ги исполни вашите

барања и ќе ги надмине вашите очекувања затоа

што можете да го прилагодите специјално на

потребите на вашиот бизнис и да ви помогне

во секојдневните работни обврски а воедно да

ја подобрите сликата на вашата компанија.

Откријте го изборот на PEUGEOT дополнителна

опрема достапна за вас, за да го персонализирате в

ашето возило и да обезбедите максимална безбедност.

1. Алуминиумска кровна решетка 2. Светлосни сигнални ленти 3. Супер заклучување 4. Носач за цевки 5. Држач за скала 6. Комплет од гумени патосници

21

4

5 63

Page 18: PEUGEOT PARTNER · седиште може да добиете и маса за пишување. Можете ... со долгата верзија која има оптимална

34

М Р Е Ж А И УС Л У Г И .

Кога ќе се одлучите за Peugeot, на располагање ќе имате огромна дилерска мрежа во склоп на која: приемот, професионализмот, перформансите на опременоста и квалитетот на услугите Ви гарантираат оптимално задоволство. Така Вие сте сигурни дека сте се обратиле кај специјалисти кои Ве слушаат, ги разбираат Вашите барања и одговараат соодветно и ефикасно. Има ли подобар и подоверлив бренд со кој би се врзале долгорочно?

PEUGEOT НА ИНТЕРНЕТ Откријте го Peugeot на интернет, посетете ја официјалната веб страница: http://www.peugeot.com

Македонската интернет страница е: http://www.peugeot.mk

Следете не и на Facebook: FB/PeugeotMacedonia

Во контекст на политиката на постојано подобрување на производот, Peugeot може во секој момент да ги модифицира техничките карактеристики, опремата, опциите и боите. Актуелните техники на фотографска репродукција не дозволуваат, верно репродуцирање на сјајот на боите. Така, оваа брошура која се состои од информации од општ карактер, не претставува обврзувачки документ. За сите појаснувања или дополнителни информации, Ве молиме да се обратите кај Вашиот дилер. Делови од каталогот не смеат да бидат репродуцирани без наменска дозвола од Automobiles Peugeot .

�� ���� �����������(1)

PEUGEOT ГАPАНЦИJА Квалитетот кај Peugeot, е исто така состојба на духот: предностите во склоп на мрежата, можност за 5 годишна гаранција до изминати 100.000 километри гаранција и 12 години гаранција од корозија. PEUGEOT ПАКЕТИ Проверки и oдржување, две единствени и персонализирани формули за слободно возeње. Од помош на патот, до поправка во случај на дефект, заменување на изабени делови, Вие самите изберете го нивото на интервенција на Вашето возило и искористете ја гаранцијата за Peugeot квалитет

PEUGEOT ОРИГИНАЛНИ РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ

Гаранција за квалитет, безбедност и доверливост, секој од нашите Peugeot оригинални резервни делови е тестиран и строго проверен за Ваша безбедност. Тие се под гаранција и со работна рака во мрежата на Peugeot во траење од една година.

ФЛОТНА ПРОДАЖБА При флотна набавка на возила за нашите бизнис клиенти нудиме широка палета на комерцијални возила по специјални цени и услови на купување, одржување и сервисирање на возилата. Воедно, нудиме различни опции за преработка или надградба на комерцијални возила согласно Вашите барања (возила за брза помош, амбулантни возила, полициски возила, блиндирани возила итн). Отворени сме за соработка со сите компании кои имаат интерес за набавка на едно или повеќе Peugeot возила, одеднаш или во одреден временски период

�� ���� �����������